Во НБА претераа: Ова ќе беа чекори и во ракомет, но судиите останаа неми (Видео)

Лос Анџелес клиперс немаа проблеми и со убедливи 124:97 славеше против Мемфис за 38-ма победа сезонава. Уште по првата четвртина беше јасно дека домаќинитe ќе победат убедливо откако по 12 минути, Клиперс имаше предност од 40:14.

Потегот на мечот се случи токму во првата четвртина, а во главна улога беа Пол Џорџ и судиите. Кошаркарот на Клиперс истрча во контранапад и непречен од никого успеа атрактивно да забие. Сепак, тоа што е сомнително е бројот на чекорите кои Џорџ ги направи без да ја тапне топката.

Судиите имаа чист видик, но не досудија ништо, иако повеќе од јасно е дека ова ќе беа чекори дури и на ракометен меч.

 

- Оглас -

Најнови вести