Во Ниш се снимаше фудбалска епизода од „Фати ме, ако можеш“ (Видео)

Тренерот на Чукарички, Симо Круниќ ја насмеа публиката во Ниш, во тензична ситуација во самиот финиш од мечот со Раднички, а и буквално „кидна“ од теренот без да чека да биде исклучен.

Гостите од Белград израмнија на 2:2 на чуден начин по досуден индирект во домашниот шеснаесетник, а потоа почна вербална расправија меѓу двајцата тренери.

Поагресивен беше гостинскиот Круниќ, но потоа приреди потег што ја релаксира атмосферата. Судијата тргна да го исклучи, но не стаса да му даде црвен картон, бидејќи гостинскиот тренер веќе летна кон спротивната страна на теренот. Ќе се смета дека е исклучен, му следи и казна за инцидентот, но барем ја насмеа публиката.

Во финишот на видеоматеријалот внимателно погледнете ја реакцијата на Круниќ, што ќе ве насмее.

- Оглас -

Најнови вести