Во оваа куќа точно пред 36 години е роден Лука Модриќ (Фото)

Освои четири титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, стигна до финале и сребрен медал на Светско првенство со Хрватска, во 2018 година беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, а животната приказна на Лука Модриќ започна на денешен ден точно пред 36 години, во една куќа која денеска е разрушена и има потенцијал да стане нова хрватска туристичка атракција.

На подножјето на планината Велебит, во селска куќа во местото во близина на Задар се роди еден од најдобрите фудбалери во поновата историја и еден од најуспешните и најбогати хрватски спортисти. Лука таму живеел пет години, при снимањето документарец, тој случајно е снимен, на снимката чува кози, а кога почна војната, семејството побегнало во Задар, каде што Лука почнал да игра фудбал.

Во декември 1991 куќата била запалена, а дедото на Лука бил убиен. Од куќата во која се роди Модриќ не остана многу, но таа стана популарна. Лука и татко му Стипе летово ја посетија и се фотографираа таму.

Физички слаб, поради тоа Хајдук (клуб за којшто навивало целото семејство) не го прими во своите редови, но кога талентот ќе се спои со упорноста и среќата, резултатот доаѓа. Лука Модриќ е чист пример за тоа дека може од ништо да се направи нешто, и тоа големо нешто.

- Оглас -

Најнови вести