Во пет наутро голманот јадел кебапи, а потоа ја добил најгурманската понуда

Голманот на полскиот тим Лех Познањ, Мики ван дер Харт мораше да се правда, откако беше „уловен“ како јаде кебапи во пет часот наутро. Чуварот на мрежата беше на мета на медиумите, но и фановите на Лех, кои го сметаат за главен виновник на последниот меч, кога прими три гола.

Холандскиот голман имаше објаснување за тоа што се случило.

„На гости ми дојде братот кој го немав видено два месеци. Решив да му го покажам градот, огладневме и сакавме нешто да јадеме. Тогаш некој успеал да ја направи фотографијата. Мислам дека не е тоа ништо посебно“, изјави ван дер Харт. Откако беше фатен како јаде кебапи, еден локален ресторан во Познањ реши да му даде одлична понуда на Холанѓанецот.

Доколку Лех успее да ја освои титулата во полското првенство, голманот секој ден до крајот на животот ќе може да јаде по еден кебап гратис. Засега на Лех не му оди најдобро, па моментно е на петото место на табелата со 18 бодови, шест помалку од лидерот.

 

- Оглас -

Најнови вести