Во Портимоненсе не можат да веруваат: Продадоа Јапонец за 35 милиони евра

Ал-Духаил ги помести границите на катарскиот фудбал откако го ангажираше Јапонецот Шоја Накаџима од Портимоненсе за сума од 35 милиони евра. Тоа е нов рекорд кога станува збор за трансфери во катарски клубови, а Накаџима воедно стана и најскапиот јапонски фудбалер во историјата надминувајќи го трансферот на Хидетоши Наката, кој во 2001 година од Рома потпиша за Парма за сума од 28,5 милиони евра.

Иако неколку премиерлигашки клубови, како Вулверхемптон и Лестер, се интересираа за услугите на Накаџима, понудата која ја доби управата на португалскиот клуб првично им звучеше неверојатна, но и предобра за да ја одбијат. Сепак, многумина веруваат дека ова е само скратен пат за Јапонецот да го облече дресот на ПСЖ.

Катарските шеици кои раководат со францускиот гигант воедно се сопственици на Ал-Духаил, па овој трансфер наводно е привремен и е реализиран само за да се избегне финансискиот фер-плеј. Накаџима најверојатно веќе од следното лето ќе се пресели во Париз како позајмен играч, па ПСЖ нема да има проблеми со УЕФА околу финансиите наменети за трансфери.

Инаку Ал-Духаил пред неколку дена го откупи и Медхи Бенатија од Јувентус за сума од 10 милиони евра.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести