Во Премиер лигата вечер ќе има три единици

Лестер – Вест хем (20:30 ч.)

Лестер треба да брка победа за да ја прекине мини-серијата од два порази по ред, но и за да остане во трка со Манчестер сити за второто место на табелата. Вест хем е екипа која ќе се бори за опстанок и не би требало да е голем проблем за Лисиците.

Во првиот дел од сезоната Чеканите на свој терен загубија од Лестер со 1:2, па навистина ќе биде тешко сега да се спасат од пораз. Според освоените бодови, Лестер е третиот најдобар домаќин во Премиер лигата и има 7 победи во 11 средби.

Предлог тип: 1&2-4 (2.38)

 

Тотенхем – Норвич (20:30 ч.)

Тотенхем загуби на два од последните три меча на свој терен, па недозволиво ќе биде тимот на Жозе Мурињо по третпат да киксира. Тоа не би требало да се случи бидејќи на гости доаѓа Норвич, екипа која е закована на дното на табелата и е речиси сигурен патник за втората лига за следната сезона.

Речиси по три гола има на мечевите кога Тотенхем е домаќин сезонава, но овојпат проблем за домаќините може да биде отсуството на Хари Кејн. Норвич ја има убедливо најслабата одбрана и досега прими 45 гола.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.90)

 

Манчестер јунајтед – Барнли (21:15 ч.)

Ремито на Челзи против Арсенал треба да биде мотив повеќе за Манчестер јунајтед да освои три бода против Барнли и на тој начин Црвените ѓаволи да се доближат до посакуваното четврто место на табелата. На последните 10 меѓусебни средби, Манчестер има шест победи и четири нерешени, а интересно е што дури седум пати било НГ (еден од двата тима да не даде гол).

Манчестер сезонава дома има само еден пораз, што покажува дека Барнли нема што да се надева и да бара изненадување.

Предлог тип: 1 (1.57 – СУПЕР ТИП на Sport Life)

 

Јувентус – Рома (20:45 ч.)

Јувентус веќе ја победи Рома во 2020 година, и тоа на гости во меч од првенството со 2:1. Сега се работи за дуел од Купот, а победникот ќе се најде во четврт-финалето. Традицијата вели дека на седум од последните 10 меѓусебни средби немало повеќе од два погодоци.

Рома цели девет години нема победа против Јувентус во Торино, а последен пат тоа се случи во јануари, и тоа во меч од Купот.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.74)

 

Логронес – Валенсија (21 ч.)

Лидерот во третата лига во Шпанија е домаќин на Валенсија во меч од Купот. Овие две екипи во Купот имаат играно точно пред 10 години и Валенсија немаше проблеми во двата дуели победи со по три гола разлика. Лилјаците се во лоша низа и имаат само една победа во последните пет меча, што значи дека овој дуел им е како порачан за да победат и да ја вратат самодовербата пред стартот на многу поважните и потешки дуели.

Предлог тип: 2 (1.47)

 

- Оглас -

Најнови вести