Во Реал не им е гајле што на Рамос му истекува договорот, подготвуваат 50 милиони евра за негова замена

Серхио Рамос има помалку од шест месеци до одработување на договорот со Реал Мадрид, а потоа како слободен играч може да замине без пари во кој било друг клуб. Сепак, капитенот на Кралевите не сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, туку бара нов двегодишен договор.

Овие барања од Рамос засега се неприфатливи од челниците на Реал, клуб кој има политика на ветераните да им ги продолжува договорите на една сезона. Освен што не сакаат да прифатат нов двегодишен договор за Рамос, првите луѓе на клубот го условуваат капитенот дека ако сака да остане уште една година, ќе мора да прифати и намалување на платата.

По ваквите несогласувања веќе се појавија неколку гиганти кои се заинтересирани да го добијат Рамос за ич пари. Започнаа шпекулации дека Реал веќе најде и замена за капитенот, а тоа е Пау Торес од Вилјареал. Откупната клаузула на играчот на Жолтата подморница е 50 милиони евра, но како што има застој во преговорите меѓу Реал и Рамос, ништо чудно од следната сезона да има подмладување во стоперската позиција на најтрофејниот шпански клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести