Одлуката на Реал Мадрид да не замине на церемонијата на прогласување на Златната топка во Париз, откако дознале дека Винисиус нема да биде прогласен за најдобар на светот за годинава, предизвика силен потрес во светот на фудбалот и реакциите не стивнуваат.
Во Реал го гледаа Винисиус како сигурен победник, но денеска беа шокирани од информација дека Златната топка му припаднала на Шпанецот Родри од Манчестер сити.
Наводно адут на Родри било освојувањето на Европското првенство и што беше прогласен за МВП на ЕВРО 2024. Освен тоа, Родри ја освои и Премиер лигата.
Од Реал одговориле дека немаат ништо против Родри, но ако веќе „морало“ Златната топка да оди кај Шпанец и кај освојувач на ЕП, зошто победник не е Даниел Карвахал, кој ги освои и Лигата на шампионите (даде гол во финалето, а во четвртфиналето го елиминираше Манчестер сити на Родри) и ЕП 2024, а и шпанската лига и шпанскиот Суперкуп.