Во саботата со два гола му го донесе трофејот на Реал во Кралскиот куп, а во неделата неговиот дом беше ограбен

Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, во саботата со двата гола му донесе триумф на својот тим над Осасуна (2:1) во финалето на шпанскиот Кралски куп, а во неделата му беше ограбен домот, објавија шпанските медиуми.

Радиото Кадена СЕР, објаби дека по пријавата, полицијата затекнала оштетена влезна врата од домот на Родриго, но не објави што украле провалниците.

Родриго не е прва жртва меѓу играчите на Реал Мадрид, претходно арамии ги орабиле домовите и на Карим Бензема и Дани Карвахал.

- Оглас -

Најнови вести