Во САД ечи Кристијано на натпреварите на Меси и Интер Мајами, Аргентинецот им одговори со гол (Видео)

Интер Мајами каде главниот збор го имаат поранешните ѕвезди на Барселона, успеа да се врати од негатива од два гола и да се спаси од пораз во првиот меч од осминафиналето во Конкакаф купот.

Нешвил и Интер Мајами одиграа 2:2, а домаќинот имаше водство од 2:0 до 52-та минута.

Нешвил поведе со головите на Џејкоб Шлафелбург во четвртата и во 47-та минута.

Интересно е што во моментите кога Нешвил го постигна првиот гол на мечот, од трибините ечеше Кристијано, Кристијано.

Одговорот на Меси беше гол во 52-та минута со кој намали на 2:1.

Интер Мајами од пораз се спаси во петтата минута од судиското продолжение кога Луис Суарес погоди за 2:2.

- Оглас -

Најнови вести