Во САД првпат се одигра меч на кој сите кошаркари носеа маски (Фото)

Натпреварот помеѓу кошаркарските екипи на Универзитетите Бостон и Холи Крос, влезе во историјата како прв колеџ меч на кој сите кошаркари носеле маски како превенција од ширење на коронавирусот.

Тимот од Бостон одлучи да игра со маски, а тоа го побара и од противниците. Холи Крос победи со 68-66, што укажува дека немаше големи отстапување во поентерски ефект, и веројатно маските не им пречеа премногу на кошаркарите.

Некои играчи маските ги носеа под носот, што им го олеснуваше дишењето, а од фотографиите се гледа дека и судиите биле со маски.

 

- Оглас -

Најнови вести