Фудбалерот на Васко да Гама, Емерсон Ривалдо Родригес (24), е колумбиски играч во чие семејство го обожуваат Бразил и сите машки деца имаат имиња на бразилски фудбалери од минатото или сегашноста.
Емерсон е играч на Интер Мајами, но настапува како позајмен за Васко. Тој е крстен по поранешниот играч на Леверкузен, Рома, Милан, Реал Мадрид, Јувентус и други големи клубови, а и средното име му е Ривалдо, по некогашната бразилска мегаѕвезда.
„Не е тајна дека во моето семејство се навивачи на Бразил. Сите мои братучеди и браќа имаат бразилски имиња“ рече Емерсон на презентацијата во јули и не претера кога рече „сите“.
Вилијам Родригес, таткото на Емерсон, и неговите браќа пораснаа во стравопочит од убавината што ја презентираше бразилскиот фудбал и беа воодушевени од тимовите на Бразил што се натпреваруваа на Светските првенства во 1982 и 1986 година.
Неговата љубов кон Бразил беше толку голема што тој и неговите браќа воспоставија пакт: сите мажи родени во семејството оттогаш па натаму ќе носат име на бразилски играч, без оглед на ерата.
Ова е листата на роднини на Емерсон со имиња, доколку некого не заборавиле:
- Едер Алејсон Родригез, брат на Емерсон
- Карлос Денилсон Родригес, брат
- Алдаир Родригес, брат
- Хавиер Ромарио Родригес, братучед
- Рикардо Родригес, братучед (со чест на Кака)
- Нејмар Родригес, братучед
- Тиаго Виера, братучед (во чест на Тијаго Силва)
- Едер Матеус Родригес, внук
- Роберто Виера, братучед (во чест на Роберто Динамите)
- Роналдо Родригес, внук
- Едгар Фалкао Родригес, братучед
- Мајкон Виера