Во Серија А направена најбизарната замена (Видео)

Интер со 3:1 победи на гостувањето кај Специја, а во средината на второто полувреме се случи една необична ситуација. При водство на Интер од 1:0, тренерот на Специја, Тијаго Мота реши да го засили нападот и во игра го внесе Мбала Нзола.

Напаѓачот од Ангола на теренот остана само неколку минути и потоа мораше да биде заменет и тоа поради една бизарна причина. Судијата забележа дека Нзола има обетка на увото и побара таа да биде остранета.

Фудбалерот неколку минути покрај аут линијата се обидуваше да ја извади обетката од увото, но никако не успеваше, па тренерот Мота ги загуби нервите и реши да го извади од игра фудбалерот кој само што го внесе да го засили нападот.

- Оглас -

Најнови вести