Во Серија А сезонава досудени 100 пенали, убедливо најмногу за Милан

Италијанското фудбалско првенство стигна до бројка од 100 досудени пенали сезонава. Од тие 100 пенали, 85 беа реализирани, а 15 кои се изведоа, не завршија со гол. Јубилејниот стоти пенал сезонава во Серија А беше оној попладнево на мечот Кротоне – Болоња.

На листата на клубови за кои се досудени најмногу пенали, води Милан со дури 16 изведени пенали сезонава. Од оние 16 пенали, Росонерите утнаа дури четири, па тие се тим и со најмногу утнати шутеви од белата точка. Сасуоло и Кротоне се одлични со 8 голови од 8 пенали, по што следуваат Јувентус со 7 пенали (6 реализирани), Рома (6 пенали, сите голови) и Интер (6 пенали, 5 гола од белата точка).

Нема тим за кој не бил досуден пенал, за разлика од минатата сезона кога за екипата на Удинезе не беше досуден ниту еден пенал. Лани за Лацио беа досудени 18 пенали, а засега сезонава лацијалите се на само пет, исто колку и за Наполи и Парма. Џенова е последна, со само еден изведен пенал сезонава.

Што се однесува до тимовите против кои се досудени најмногу пенали, први се Торино, Сампдорија, Специја и Фиорентина, против кои се шутнаа по 7 пенали, но само против Торино се реализирани сите седум. Против Милан имаше пет пенали, три беа голови. Против лидерот Интер имаше четири пенали, исто толку и против актуелниот првак Јувентус. Парма е најдобра во оваа категорија, со само еден направен пенал.

- Оглас -

Најнови вести