Во Шпанија ни второ место не е гаранција за тренерите – Алмерија го смени Педро Емануел

Алмерија го смени тренерот Педро Емануел и покрај тоа што клубот е на втората позиција на табелата во второлигашката конкуренција во Шпанија.

Одлуката е чудна, но се темели на фактот дека Алмерија има само една победа на последните 8 меча, што е протолкувано како кризен период за второпласираниот тим во Сегунда, па Емануел доби отказ.

Франциско Родригес Вилчес, кој е поранешен фудбалер на Алмерија, е именуван како нов предводник од клупата на тимот што има амбиции да се врати во Ла Лига.

Вилчес беше тренер на Уеска до мај годинава, кога одби да го продолжи договорот и си замина од клупата на сегашниот второлигаш.

- Оглас -

Најнови вести