Во следната сезона во групите од ЛШ ќе игра и еден второлигаш?!

Следната сезона во фудбалската Лига на шампиони може да биде историска, и за првпат еден второлигаш да биде учесник во елитното клупско натпреварување. Иако тоа не е многу веројатно дека ќе се случи, во моментов делува како теоретски изводливо.

Клубот кој може да игра во ЛШ како второлигаш е лондонски Арсенал. Топчиите тонат кон Чемпионшип, а од друга страна може да ја освојат Лига Европа, па преку тоа натпреварување да обезбедат место во ЛШ во сезоната 2021/2022. Ако се случи ова бизарно сценарио и еден од најголемите англиски клубови испадне во второто по ранг натпреварување во Англија, УЕФА би била немоќна и второлигашот би имал право да се натпреварува во ЛШ.

Секако, се очекува Арсенал да излезе од кризата и да избегне испаѓање, а во моментов делува нереално и тие да ја освојат ЛЕ покрај конкуренти како Тотенхем, Милан, Наполи, Лестер, Манчестер јунајтед, Баер Леверкузен, Ајакс, Шахтар. Во 16-финалето на Лига Европа, Арсенал треба да игра со опасната Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести