Во следната сезона во Премиер лигата и Бундеслигата ќе има и Македонци?

Следната натпреварувачка сезона може да биде историска за македонскиот фудбал, бидејќи постои реална шанса наши репрезентативци да играат во секоја од петте најсилни лиги во Европа.

Сезонава имаме наши претставници во Шпанија (Александар Трајковски), Италија (Горан Пандев и Илија Несторовски) и Франција (Влатко Стојановски), а како што стојат работите, би требало да добиеме прволигашки играчи и во Германија и Англија.

Во германската Цвајта, екипата на Штутгарт чиј член е младиот Дарко Чурлинов, на едно коло до крајот обезбеди влез во Бундеслигата, бидејќи има три бода предност пред Хајденхајм кој го шокираше Хамбургер и веројатно ќе игра бараж. Штутгарт денеска како гостин го уништи Нирнберг со 6-0, а Чурлинов не доби шанса да игра. Во следното коло е последно, Швабите играат дома со Дармштад, и тоа ќе биде само прослава на враќањето во германската елита заедно со Арминија.

Во Англија, наш претставник во Премиер треба да биде Езџан Алиоски, секако ако и следната сезона биде член на Лидс. Левиот бек со Лидс е на делба на врвот во Чемпионшип заедно со ВБА. Лидс денеска загуби од Кардиф, Алиоски играше половина час, но и покрај тоа, на осум кола до крајот, Лидс има седум бода предност пред третиот Фулам, и би требало да знаат да ја зачуваат разликата.

- Оглас -

Најнови вести