Во Србија дозволено да има и гледачи на трибините

Фудбалското првенство на Србија ќе продолжи в петок, со три меча од Суперлигата. Инџија и Спартак Суботица ќе играат во терминот од 15 часот, а за истиот ден се закажани и дуелите Војводина – Чукарички (17 ч.) и Рад – Црвена ѕвезда (19 ч.). За викендот се закажани и преостанатите мечеви од ова коло, во кое може да видиме и гледачи на трибините.

На денешната седница, Кризниот штаб донел одлука дека во Србија ќе биде дозволен собир на максимум 1.000 луѓе, што значи дека и на трибините ќе може да има публика до дозволената бројка.

Навивачите на трибините ќе треба да држат растојание од еден метар и да се придржуваат до препораките кои се дадени за заштита од корона-вирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести