Во Србија нема страв од корона-вирусот – Од Црвена ѕвезда најавија дека над 50.000 гледачи ќе го поздрават шампионот на„Маракана“

Црвена ѕвезда в сабота од 19:15 часот на својот стадион во Белград го пречекува тимот на Пролетер, во меч на кој Црвено-белите ќе ја слават новата титула. Српскиот првак во текот на целото првенство беше најдобар и на крајот стигна до одбрана на тронот.

Од таборот на Црвена ѕвезда најавуваат дека за мечот против Пролетер влезот ќе биде бесплатен и дека очекуваат стадионот да се наполни до последно место, а прославата на пехарот ќе биде нешто невидено досега на балканските простори.

„Ова е вкупно 31-ва шампионска титула за Ѕвезда. Сигурни сме дека по саботниот спектакл, сите навивачи кои ќе дојдат на стадионот, на крајот ќе си заминат задоволни и среќни. За сите трибини влезот ќе биде бесплатен. Да ја наполниме ‘Маракана’ до последно место и да ги поздравиме новите шампиони затоа што тие тоа го заслужуваат. Сите на стадион“, стои во соопштението од Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести