Во стилот на Марадона – издрибла седуммина и даде гол (Видео)

Андерсон Дијас на еден меч за фудбалери до 21 година во Колумбија постигна гол каков што одамна не е виден. Тој на одличен начин издрибла дури седум противнички играчи, меѓу кои и голманот, пред да му остане најлесната работа, да ја спроведе топката во празниот гол. Вакви слични голови кои се паметат беа на Диего Марадона на СП во 1986 година и на Лионел Меси на еден првенствен меч Барселона – Хетафе.

На социјалните мрежи, мислењата се поделени, некои го фалат ирачот на Норте де Сантандер, други велат дека противниците му се тргнале. Како и да е, голот вреди да се погледне:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=ID4L6eNBQcw

- Оглас -

Најнови вести