Во стилот на врвен голгетер: Играч од Чемпионшип лигата го постигна еден од најубавите голови за оваа година (ВИДЕО)

Фудбалерот на Квинс парк ренџерс, Андре Греј, го постигна еден од најубавите голови за оваа година.

Тој на вчерашниот меч од Чемпионшип лигата против Дерби во 90-тата минута мајсторски се намести и ја затресе мрежата за победа од 2:1.

Членот на КПР му донесе злато вредна победа на својот тим против последната екипа во лигата.

Со овие три бода, сега Ренџерите имаат 35 бода и се наоѓаат на третото место во втората по квалитет англиска лига.

- Оглас -

Најнови вести