Во стручниот штаб на европскиот првак работи и 11-годишно дете

Тренерот на турскиот тим Анадолу Ефес, Ергин Атаман потврди дека во неговиот стручен штаб има место и за неговиот 11-годишен син Сарп. Актуелниот европски првак лошо ја започна новата сезона во кошаркарската Евролига и има три порази во исто толку меча.

За разлика од Ефес, Милано е перфектен и по првите три кола има исто толку победи, па вечерва италијанскиот тим ќе има голем предизвик да го продолжи стоостотниот учинок против актуелниот европски владетел. Тренерот на Ефес, Атаман, вели дека неговиот син Сарп му помагал околу тактиката за денешниот меч.

„Точно е дека мојот син е дел од стручниот штаб. Ги знае сите тајни од нашата соблекувална. Наскоро ќе тргне во тренерската академија на Евролигата. Секогаш е покрај мене и ми дава извештаи за мечевите“, вели Атаман, кој додава дека неговиот тим уште ментално не се вратил по големиот успех вбо Келн, кога ја покорија кошаркарска Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести