Во Струга се игра дербито за првото место, квотите се на страната на шампионот

Денеска на фудбалските терени во Македонија се игра 22-то коло од Првата фудбалска лига, а во фокусот е дерби пресметката меѓу двата најдобри тима.

Во Струга, лидерот на табелата со новиот тренер Шпетим Дуро го пречекува шампионот Шкупи. Струга ТЛ е прва на табелата со 39 бода, додека Шкупи има бод помалку, но квотите го фаворизираат шампионот.

Во Sport Life, квотата за триумф на Струга ТЛ изнесува 3,35, додека за Шкупи да слави е 2,13. Последниот натпревар што се играше во Струга, пред точно една година, му припадна на Шкупи и тоа со 3:1.

Според квотите, фаворити за победа се Академија Пандев против Победа како и Шкендија против Работнички.

Денеска се играат натпреварите и од втората лига, и Вардар е голем фаворит за триумф против Борац. Црвено-црните заедно со Воска и Гостивар се на делба на првото место со 43 бодови, а најтежок предизвик има Гостивар кој огра против четвртопласираниот Пелистер.

Двојки за денеска (14 часот): Силекс – Брегалница, Скопје – Македонија ЃП, Струга ТЛ – Шкупи, А. Пандев – Победа, Шкендија – Работнички.

- Оглас -

Најнови вести