Во Тетово се игра дерби за титула, Вардар во Кратово брка победа, квотите се одлични

Комплетното 32 коло се игра денеска од 17 часот во Прва фудбалска лига на Македонија. Дербито ќе биде во Тетово каде домаќинот Шкендија ќе игра против Струга во меч кој може да го реши победникот.

Двете екипи имаат по 61 бодови, а во двете меѓусебни пресметки сезонава имаат по една победа (Струга славеше 2:1), а Шкендија беше подобра со 1:0. Во изминативе пет години, овие два тима одиграле 14 средби, а на дури 10 немало повеќе од два гола, што е најава дека ќе биде тврд и неизвесен дуел со малку погодоци.

Освен во Тетово, интересно ќе биде и на останатите средби. Шкупи кој е трет и ќе ја чека својата шанса од сенка, на „Чаир“ ќе биде домаќин на Брера која уште не е сигурна дека ќе се спаси од испаѓање.

Вардар кој се бори да го избегне 10 место кое води во бараж за спас, ќе гостува во Кратово на Силекс. Кратовци немаат многу мотиви за игра, па ќе биде интересно да се види дали Вардар може да победи.

Тиквеш и Воска Спорт ќе играат како предигра на финалето во Купот каде овие два тима за прв пат ќе играат во финалето и ќе се борат. Во Гостивар, истоимениот тим е домаќин на Работнички.

- Оглас -

Најнови вести