Во тимот на годината на ИФФХС, нема место за најдобриот стрелец во 2023 година (Фото)

Институтот за фудбалска историја и статистика, ИФФХС, состави идеален тим за 2023 година, а во него нема место за најдобриот стрелец за минатата година, Кристијано Роналдо.

Во тимот на годината, има дури петмина членови на Манчестер сити, тројца се од Баерн Минхен, а по еден има од Реал Мадрид, Интер Мајами и ПСЖ.

Статистички најдобар голман бил Едерсон, одбраната ја сочинуваат Рубен Дијаш, Ким Мин Јае и Алфонсо Дејвис. Во средина се сместени Родри, Кевин Де Бројне, Џуд Белингам и Лионел Меси, а идеална напаѓачка тројка е Килијан Мбапе, Хари Кејн и Ерлинг Халанд.

- Оглас -

Најнови вести