Во Торино не се среќни што против тимот на Еспирито Санто ќе им суди Португалец

Торино го пречекува Вулверхемптон во едно од дербијата на вечерашната програма на плејофот во Лигата на Европа, а од италијанскиот клуб однапред си бараат алиби за евентуалниот неуспех. Во Торино изразија негодување што средбата ќе ја суди португалскиот арбитер Артур Соареш Дијас, сонародник на тренерот на англиските Волци.

Освен главниот тренер Нуно Еспирито Санто, Португалци во Вулверхемтон се и неговите помошници, тренерот на голманите, а во играчкиот кадар тимот има дури седуммина португалски фудбалери, од кои најпознати се голманот Руи Патрисио и Жоао Мутињо.

Дијас е искусен судија, правдата ја делел речиси на 500 натпревари, во Европа суди од 2010 година. Не би требало да подлегне на емоциите и тоа што Вулфс е вистинска португалска колонија, но сомнежите ќе постојат.

- Оглас -

Најнови вести