Езерото Чилдир, кое е второ по големина во источна Анадолија во Турција и се наоѓа речиси на 2.000 метри надморска височина, поради ниските температури во зима е прекриено со дебел мраз од 40 сантиметри, па туристите кои се љубители на спортот го користат тоа за играње хокеј, карлинг или за лизгање на отворено. Но, мештаните кои живеат во близина, решија да одиграат една партија фудбал.
Фудбалските фанатици се потрудија да нацртаат линии и да добијат импровизиран терен, а дека беа сериозни во намераа да се потсетат на детството, покажува и тоа дека ангажирале и судија кој ќе дели правда на овој забавен меч. Головите, поточно стативи, им беа вреќи со песок.