Во Уганда не поминуваа вакви финти: Му ја протна низ нозе на противникот и доби шлаканица (Видео)

Фудбалски мајстории може да се видат на секој дел од светот, но има места каде противникот едноставно не прифаќа дека е „издриблан“. На меч од првенството во  Уганда меѓу Ондупарака и Експрес, се случи еден помалку чуден инцидент.

Фудбалерот на Експрес беше во напад и мајсторски успеа да ја протне топката низ нозете на противникот. Сепак, наместо да продолжи понатаму, фудбалерот кој беше во напад веднаш доби силна шлаканица во лицето. Едноставно противничкиот играч беше решен да не биде поминат по секоја цена, па го патосираше фудбалерот кој направи мајсторија.

- Оглас -

Најнови вести