Во вистинско време: Триото „BBC“ на Јуве се враќа за мечот против Атлетико

Јувентус за дуелот со Атлетико Мадрид ќе биде посилен за Кјелини, Бонучи, односно Барѕалји. Дефанзивното трио на италијанскиот првак во вистинско време закрепна, па и тројцата ќе бидат во конкуренција за првиот осминафинален меч против „јорганџиите“.

Тројцата тренираат со висок интензитет со цел да бидат подготвени за гостувањето во Мадрид, што е одлична вест за „старата дама“.

„Ќе ви кажам информација со која ќе имате добар наслов – Кјелини, Бонучи и Барѕалји ќе ми бидат на располагање во текот на оваа недела. Барѕалји најверојатно нема да го форсирам против Фросиноне, но речиси сите други кои беа повредени се вратија во составот, со исклучок на Квардадо“, посочи Алегри во пресрет на утрешното гостување кај Сасуоло, мечот кој ќе се одигра во рамките од 23-тото коло во Серија А (18 часот).

Првата осминафинална средба против Атлетико е закажана на 20-ти февруари, а Јуве ќе гостува на стадионот каде годинава ќе се игра и самото финале од Лигата на шампиони, на ултра-модерниот „Ванда Метрополитано“.

- Оглас -

Најнови вести