Водителка ограбена додека се јавувала во живо, останала во шок кога дознала како полицијата во Катар се справува со криминалците

Аргентинската новинарка, Доминик Мецгер, била ограбена додека се јавувала во живо за телевизијата „ТН“, а поголем шок доживеала кога кражбата ја пријавила во полиција и кога дознала како властите во Катар се справуваат во криминалците.

Мецгер додека известувала во живо, останала без својот новчаник, а забележала дека останала без пари кога сакала да купи вода. Таа веднаш пријавила во полиција, а во следното јавување во живо раскажала каков шок доживеала во полициска станица.

„Полицијата е тука, во близина на местата каде што се собираат навивачите. Ја пријавив кражбата и веднаш ме однесоа во дел каде што се наоѓаат луѓе што зборуваат англиски јазик. Ми рекоа да бидам мирна и дека брзо ќе се реши сè. Потоа ме испратија во друга полициска станица, каде што мажите воопшто не ме погледнаа, ниту некој ме праша зошто сум тука. Потоа ме однесоа во делот на станицата каде што работеа жени и ми рекоа дека морам да дадам изјава. Потоа следуваше неверојатен момент, ме прашаа како сакам да биде казнет крадецот. Ми рекоа дека има камери на секое ќоше и ќе го најдат крадецот“, рече Мецгер во јавувањето во живо, со што ги изненади колегите и гледачите.

https://twitter.com/i/status/1593814079675645952

Аргентинката потоа објасни како катарските власти се справуваат со криминалците.

„Не го разбрав добро прашањето на полицајката, барав да го повтори уште еднаш. Таа ме праша дали сакам крадецот да биде осуден на петгодишна затворска казна или да биде депортиран. Тогаш си помислив дека можеби не се разбираме бидејќи англискиот јазик не ни беше мајчин ниту мене ниту на полицајката. Но, таа ми рече дека јас можам да одлучам како да биде казнет крадецот“, открива аргентинската новинарка.

„Бев изненадена. Знам дека постојат културолошки разлики, но не знаев дека тие се толку големи. На полицајката ѝ реков дека само сакам да ми бидат вратени украдените работи. Ми зедоа изјава, ја преведоа на арапски јазик и побараа да се потпишамн на неа. Не разбирам што пишува во изјавата, но сосема е сигурно дека работите се поинакви кај нас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести