Воините загубија, Кари со тројки пишува НБА историја (Видео)

Стефон Кари пишува историја во НБА лигата, но неговиот тим Голден стејт е поразен од Бостон со 119:114. Бекот на Воините постигна 47 поени и погоди дури 11 тројки, што му е трет меч по ред со 10+ погодени удари за три поени.

Кари игра во неверојатна форма и на последните пет меча има погодено вкупно 44 тројки, што досега не му успеало на ниту еден кошаркар во НБА лигата.

Педантните аналитичари извадија податок дека за една недела Кари сам има погодено повеќе тројки од четири тима во НБА лигата.

Извонредна партија баскет на истиот меч одигра и Џејсон Тејтум од Бостон со 44 постигнати поени и 10 скока.

Резултати: Чикаго – Кливленд 106:96, Вашингтон – Детроит 121:100, Бостон – Голден стејт 119:114, Милвоки – Мемфис 115:128, Феникс – Сан Антонио 85:111.

- Оглас -

Најнови вести