Војнески командува, Серед рекордно победува

Славче Војнески одлично го предводи словачкиот прволигаш Серед, а денеска во третото коло од националниот куп неговите избраници ја забележаа највисоката победа.

На гостински терен со 10:0 Серед славеше против нисколигашот Бела и се пласира во шеснаестфиналето.

Дејан Илиев беше на клупата за резерви и не бранеше со цел да одмори за дуелот од Првата лига викендов против Ружомберок.

Неговата замена Павол Пенкса ја сочува мрежата, а неговите соиграчи ја наполнија противничката до врв. Хрватот Дино Шпехар постигна четири гола и беше најефикасен на мечот, а Војнески и Серед се подготвуваат за следната рунда, но и за следниот ривал во Фортуна лигата.

Дејан Илиев ова лето пристигна во редовите на Серед како позајмен голман од Арсенал, а и Војнески од почетокот на новата сезона е тренер на словачкиот прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести