Волчја ноќ за Тотенхем, во финишот ја загубија победата на „Молињу“ (Видео)

Ромејн Сајс е јунакот на Вулверхемптон откако успеа да погоди во 86-тата минута против Тотенхем за нерешен резултат 1:1 во последниот меч од 15-тото коло во Премиер лигата.

Интересно, Тотенхем поведе со погодокот на Тангај Ндомбеле во 56-тата секунда, па на нов гол се чекаше долго и стигна во финишот за конечни 1:1.

Популарните Волци уште еднаш потврдија дека се жилава екипа, што не се предава до крајот на натпреварите, и по пресвртот против Челзи за победа од 2:1 со гол во 95-тата минута и вечерва погодија во финишот за да избегнат пораз.

Гостите најавија победа со погодок во првата минута, но потоа се повлекоа и беа казнети. Тотенхем сега е на петтото место со 26 бода, а Вулверхемптон остана 11-ти со 21 бод.

 

- Оглас -

Најнови вести