Остар волеј на Кристијано Роналдо за разбивање на сите дилеми: Стрпете се малку, Кралевите секогаш играат во недела (Фото)

Кристијано Роналдо објави дека има многу шпекулации за негово заминување од Манчестер јунајтед и индиректно најави дека ќе продолжи да игра за Црвените ѓаволи и идната сезона.

На Инстаграм објави мистериозно дека ќе игра задутре на пријателскиот меч меѓу Манчестер јунајтед и Рајо Валјекано на „Олд Трафорд“.

„Кралевите секогаш играат во недела“, вели Роналдо, по провокацијата дека не е во составот на Манчестер јунајтед за утрешниот меч со Атлетико Мадрид во Осло.

Задутре, Манчестер јунајтед пак ќе игра пријателски натпревар, и тоа на Олд Трафорд против Рајо Валјекано, на кој за гостите од Мадрид ќе брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Утре на „Улевал“ во Осло Манчестер јунајтед ќе игра пријателски меч со Атлетико Мадрид од 13.45 часот, а задутре е дуелот со Рајо Валјекано за кој Риналдо тври дека ќе игра на „Олд Трафорд“ од 17 часот.

Популарниот ЦР 7 не беше со тимот на турнеата во Азија и Австралија, а беше објавено дека е отсутен поради семејни причини.

Во меѓувреме го селеа од клуб во клуб, па се споменуваа трансфери во ПСЖ, Баерн, Челзи, Атлетико Мадрид, Спортинг Лисабон…, но ниту еден од нив не се оствари.

Манчестер јунајтед ќе го почне домашното првенство на 7. август во меч на домашен терен против Брајтон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести