Волфсбуг го заборави дебаклот од Баерн, Лајпциг ја продолжи агонијата на Шалке

Волфсбург со убедливи 5-2 триумфираше против Фортуна Дизелдорф во мечот 26-тото коло во Серија А. „Волците“ брзо го заборавија дебаклот од Баерн Минхен претрпен во минатото коло со 6-0, а до трите бода стигнаа откако по половина час игра се најдоа во негатива од еден гол.

Ајхан донесе предност за гостите во 30-тата минута, но Мемеди само четири минути подоцна израмни на 1-1. За пет минути во второто полувреме, домаќините постигнаа три гола, а во листата стрелци се запишаа Ноче и Вегхорст во два наврати. Вегхорст учествуваше во сите пет погодоци на Волфсбург, откако асистираше на головите на Ноче и Мемеди, а во 88-та минута го оствари и хет-трикот.

Шалке загуби со минимални 0-1 на „Велтинс“ арена од третопласираниот Лајпциг. Единствениот гол на средбата го постигна Вернер и тоа во 14-тата минута, што беше доволно за „црвените бикови“ да дојдат до трите бода. Екипата од Гелзенкирхен продолжи да реди негативни резултати и по отказот на тренерот Доменико Тедеско, па впечатокот е дека не бил проблемот само во стручниот штаб.

Штутгарт и Хофенхајм ги поделија бодовите при конечни 1-1, додека Аугзбург со 3-1 го совлада тимот на Хановер.

- Оглас -

Најнови вести