Волкановски имаше успешна операција на лактот (Фото)

Австралискиот ултимејт фајт борец и светски шампион во перолесна категорија, Александар Волкановски, кој е популарен и во Македонија поради потеклото од тука, имаше операција на лактот на десната рака.

Волкановски после победата над Јаир Родригес, најави дека ќе се оперира, бидејќи цела година имал проблем со лактот, а ситуацијата се влошила додека се подготвуваше за битката со Мексиканецот. Операцијата била успешна, па сега следува период на шестнеделна рехабилитација за нашинецот, по што би можел да почне со тренинзи.

- Оглас -

Најнови вести