Волкановски културно го спушти на земја Мекрегор, одговорот на навредите ќе ве воодушеви (Видео)

Алекс Волкановски на културен начин му одговори на Конор Мекрегор по навредите што Ирецот му ги упати на шампионот од Австралија со македонско потекло.

Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ во перо категорија со победа против Брајан Ортега, а токму во оваа категорија Мекрегор беше поранешен првак.

Ирецот недолично му се закани на Волкановски дека „ќе му ја шутне главата како рагби топка“, притоа редејќи и пцости на сметка на Алекс.

Одговорот е културен како што му доликува на шампиони, а Волкановски му одговори на Мекрегор да се врати во рингот и дека е добредојден.

Волкановски е еден од најдобрите Ултимејт фајт борци и редовно на борбите се појавува со македонското знаме.

- Оглас -

Најнови вести