Волкановски остана без титулата, беше брутално нокаутиран од предизвикачот Топурија(Видео)

Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски, го загуби шампионскиот појас во перолесна категорија откако на приредбата УФЦ 298 која се одржа во Анахајм, САД, беше нокаутиран од предизвикувачот Иља Топурија.

 

Во главната борба на вечерта, Топурија, со нокаутот во втората рунда, го задржа перфектниот учинок во УФЦ, седум победи во седум меча, од кои четири со нокаут и еден до предавање на противникот.

 

По три и пол минути борба во втората рунда, Топурија со десно кроше го погоди Волкановски во брадата, по што судијата одлучи да ја прекине борбата.

 

Во останатите борби, поранешниот шампион во средна категорија, Роберт Витакер потсети на своите најдобри денови и го победи Пауло Коста на поени.

Јан Гари во велтер категорија исто така на поени беше подобар од Џоф Нил, исто како и Мераб Двалишвили кој го совлада поранешниот шампион Хенри Цехудо.

Главната вечер на приредбата беше отворена со победата на со гушење на Антони Хернандез над Роман Копилов.

- Оглас -

Најнови вести