Волшебниците приредија магија против Индијана

Бековите Расел Вестбрук и Бредли Бил го однесоа Вашингтон визардс во плејофот на НБА-лигата откако во решавачкиот плејин меч за осмо место на Истокот ја разбија Индијана пејсерс со 142-115.

Бил беше прв стрелец со 25 поени, додека Веструк имаше 18 поени, 15 асистенции и осум скока. Руи Хачимура исто така уфрли 18 поени, а придонес даде и новоангажираниот центар Даниел Гафорд со 15 поени, 13 скока и големи пет блокади.

Тимот од главниот град на САД пред шест недели имаше биланс 17-32 и беше 13-ти на Истокот, но се разиграа во финишот на сезоната, добија 17 од последните 23 меча и еве ги во плејоф. Во четирите меча против Пејсерс сезонава, Вашингтон во просек даваше по 139,7 поени.

- Оглас -

Најнови вести