Волците ќе бидат бесни, Манчестер јунајтед ги победи со гол по акција што ќе предизвика многу полемики (Видео)

Мејсон Гринвуд му донесе победа на Манчестер јунајтед против Вулверхемптон од 1:0, со гол во 80. минута. Акцијата за голот ќе предизвика многу коментари, особено по стартот на Пол Погба, но судијата не досуди фаул за Волците и потоа Гринвуд ја затресе мрежата на Волците.

Гринвуд е стрелец на три гола во првите три кола за Манчестер јунајтед и е само вториот тинејџер со ваков подвиг во Премиерлигата.

Манчестер јунајтед сега има апсолутен рекорд со низа од 28 меча без пораз на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести