Волците ќе зажалат што го земаа Тринкао на позајмица, Барса во јули ќе им наплати дебели пенали

Вулверхемптон речиси сигурно нема да сака да го откупи договорот на Тринкао, што португалскиот талент го има со Барселона и ќе мора да плати шест милиони евра пенали.

Казната е предвидена во договорот за позајмица на Тринкао од Барса во Вулверхемптон што беше потпишан лани во јули, а предвидува Волците да мораат да го откупат договорот за сума од 30 милиони евра.

Тоа според доброинформирани извори во Англија нема да се случи летово, па ќе се активира клаузулата што е многу интересна и предвидува казна за Вулверхенптон од шест милиони евра во таков случај.

https://twitter.com/gerardromero/status/1487403940933156868?s=20&t=3Z7hVoyAhnKg3kZ_1CmKFQ

Тринкао дојде во Барселона од Брага во јануари 2020 година за сума од 31 милиони евра, потпиша четиригодишен договор и има отштетна клаузула од неверијатни 500 милиони евра.

Барса потоа на некој начин ја корегира баснословната сума за отштета, па Вулверхемптон има можност да го откупи Тринкао за 30 милиони евра, но и тоа нема да се случи.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести