„Волците“ залудно ќе дојдат на „Етихад“, Сити лесно ќе ги скроти

Манчестер сити – Вулверхемптон (21 часот)

Фудбалерите на Пеп Гвардиола се во застрашувачка голгетерска форма. Поразот од Лестер кон крајот на декември многу ги налути, па во следните четири средби во сите натпреварувања постигнаа 22 погодоци, 16 од нив ги дадоа во два куп-натпревари. Вечерва на „Етихад“ гостува незгодниот Вулверхемптон, одлична шанса да се продолжи голгетерската форма.

„Волците“ од 2003 година не знаат за победа против Сити, а никогаш не ги победиле на нивен терен, така што и вечерва од „граѓаните“ се очекува да ја продолжаат оваа традиција. Првиот дуел сезонава, кој се одигра на „Молињу“, заврши со реми од 1-1, па Сити ќе има дополнителна мотивација да покаже зошто е актуелен првак на Англија.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.10) – квота на денот

 

Калјари – Аталанта (17.30 часот)

Останаа уште две слободни места меѓу најдобрите осум екипи од Купот на Италија, а Калјари и Аталанта ќе се борат за да бидат следните противници на бранителот на трофејот, Јувентус. Можеби звучи чудно, но Калјари има три последователни победи против тимот на Џанпјеро Гасперини, односно четири победи на последните пет меѓусебни средби. Знаејќи дека Аталанта е како трн во око за поквалитетните екипи од Серија А, изненадува што токму против Калјари не може да оствари позтивен резултат.

Но ова е елиминациски меч, што значи дека нема многу простор за калкулации, па ќе се игра за победа и пласман во следната рунда.

Предлог тип: X2 2-4 (2.05) – квота на денот

 

Реал Сосиедад – Еспањол (21 часот)

Падна Реал, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, па зошто да не го совлада и Еспањол. Сосиедад имаше лоша серија од три порази пред гостувањето во Мадрид, а потоа како преродени со триумф од 2-0 си заминаа среќни. Денес во улога на домаќини ќе треба да докажат дека не случајно го остварија шокантниот резултат во минатото коло.

Во последните три сезони Сосиедад пред своите навивачи не успевал да го совлада Еспањол, а вечерва имаат добра шанса да го сменат тој негативен скор.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.20) – квота на денот

 

Бразил – Србија (15.30 часот)

Бразил и Србија по две средби во групната фаза од ракометното СП сè уште трагаат по триумф. „Кариоките“ имаат два порази од домаќинот Германија и светскиот првак Франција, додека нашиот северен сосед се избори за реми против Русија, а против „триколорите“ беа немоќни.

Пораз за која било селекција ќе им создаде дополнителни проблеми и ќе бидат сè подалеку од местата кои водат во следната фаза. Во историјата се сретнале четири пати, Србија и Бразил делат по две победи, па кој прв ќе стигне до третата, ќе освои многу важни бодови.

Предлог тип: <54.50 (1.95)

 

Русија  – Германија (18 часот)

Кога последен пат Русија ја совлада Германија на Светско првенство, се играше дуел за пласман од петтото до осмото место во 2001 година. Но оттогаш многу работи се сменија, а Германија сега како домаќин на овој собир гази сè пред себе. И денес се во улога на големи фаворити, па со победа, Германците ќе си го осигурат местото во следната фаза, иако Русите ќе направат сè што е во нивна моќ да останат непоразени и по три меча.

Предлог тип: 2 & <53.50 (2.19)

- Оглас -

Најнови вести