Вотфорд уште не го минал третото, почна да продава билети за 4. коло од ФА купот

Англискиот премиерлигаш Вотфорд почна со продажба на билети за натпреварот кој можеби ќе го играат на 26 јануари на домашен терен против Манчестер јунајтед или Вулверхемптон од четвртото коло во ФА купот.

Но, за да стигне до дуел со Ѓаволите или Волците, Вотфорд прво треба да го елиминира Транмер, со кого на почетокот на месецов одигра само 3-3 на домашен терен и сега треба да гостува на 23 јануари. Ако Вотфорд биде елиминиран, ќе им ги вратат парите на фановите кои однапред ќе купат билети за куп мечот на 26-ти.

Два дена пред гостувањето кај Транмер, Вотфорд игра со Астон Вила, па фановите кои ќе сакаат да патуваат на двете гостувања, ќе треба да минат повеќе од 600 километри.

- Оглас -

Најнови вести