Воткинс и Ингс ги испратија Канаринците во Втора лига, и Ватфорд е на пат за Чемпионшип (Видео)

Оли Воткинс и Дани Ингс постигнаа победнички голови за Астон Вила и ги испратија популарните Канаринци од Норич во Чемпионшип лигата.

Воткисн постигна прекрасен гол во финишот на првото полувреме, откако погрешија дефанзивците на најслабата екипа во Премиерлигата.

Погодокот на Воткинс, прв на мечот за Астон Вила од 1:0 можете да го погледнете ОВДЕ.

Во финишот на мечот погоди и Ингс за сигурна победа на домаќините и за збогум на Норич од Премиерлигата.

Тенки се шансите за опстанок и на Ватфорд, по поразот од 1:2 против Барнли. Гостите освоија супер значајни бодови на „Викериџ роуд“, а ги дадоа сите три гола на мечот.

Тарковски си ја затресе својата мрежа во осмата минута и Ватфорд водеше до 83. минута, кога набрзина со двата погодоци на Корк и Бронхил за 180 секунди, Барнли направи пресврт и победи со 2:1.

Резултати: Астон Вила – Норич 2:0, Ватфорд – Барнли 1:2, Саутемптон – Кристал Палас 1:2, Вулверхемптон – Брајтон 0:3, Њукасл – Ливерпул 0:1.

 

- Оглас -

Најнови вести