Возачот којшто ја „одлучи“ титулата во Формула 1 добива смртни закани (ФОТО)

Изминатава сезона во шампионатот на Формула 1 беше една од најнеизвесните по подолго време.

Како што е добро познато, на крајот Макс Ферстапен со победата во последниот круг над Луис Хамилтон на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби се радуваше на титулата.

Сепак, во голема мера „одлучи“ и излегувањто на безбедносното возило на патеката на самиот крај, откако Николас Латифи се удри од заштитниот ѕид.

Латифи по повеќе од 10 дена, за првпат ѝ се обрати на јавноста и на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави дека добил илјадници пораки со смртни закани.

„Едноставно јас сум шокиран од пораките коишто ги добивам и ова навистина не е добро за мене и за мојата фамилија.

Сето ова е пријавено кај надлежните органи и се надевам дека ќе има некаква реакција.

Да бидам најискрен, знаев дека по целиот настан на трката во Абу Даби дека ќе добивам вакви пораки бидејќи, за жал, ова е светот во којшто живееме денеска“, се вели во дел од соопштението на Латифи.

- Оглас -

Најнови вести