Врањеш бара поддршка: Не сакам во Дебрецин да видам 500 Македонци, а само тројца Словенци

Селекторот на словенечката ракометна репрезентација, Љубомир Врањеш, побара поддршка од словенечките навивачи, и ги повика во што поголем број да дојдат во Дебрецин, каде нема да има ограничување на бројот на публика на трибините за групната фаза од Европското првенство.

Словенија во првото коло на 13-ти јануари игра со Македонија во можеби и клучниот меч за пласман во следната фаза, бидејќи два тима одат понатаму, а во групата првото место барем на хартија, е „резервирано“ за Данска.

„Навивачите се многу значајни за нас. Не сакам да видам 500 навивачи од Македонија на трибините, а само тројца од Словенија на другата страна. Би сакал да има надвикување и натпревар и на трибините, не само на терен. Се надевам дека ќе дојдат многу наши навивачи и ќе ни помогнат, а ние ќе знаеме како да им се оддолжиме“ – вели српскиот Швеѓанец на клупата на Словенија.

Инаку, Врањеш за мечот со Македонија рече дека нашата репрезентација е најтежок можен противник за дуел од прво коло, бидејќи игра со цело срце, и вели дека ако голманите се разбранат, а Кирил Лазаров добие поддршка во нападот од другите, Македонија може да биде многу опасен тим.

- Оглас -

Најнови вести