Врањеш ги провоцира Босанците: „Веќе никаде нема да се пласираат“

Контроверзниот босански фудбалер Огњен Врањеш повторно е во центарот на вниманието во својата татковина, но не поради фудбалските квалитети, туку поради изјавите кои ги дава. Тој досега предизвика низа скандали, пред сè, поради тетоважите на своето тело на кои ја има Република Српска и четничкиот војвода Момчило Ѓујиќ, но и по секс-скандалот со пејачката Јелена Карлеуша.

Тој во пресрет на клучниот натпревар на репрезентацијата на Босна и Херцеговина на домашен терен против Португалија даде интервју за АТВ од Бања Лука, а новинарот изнесе констатација дека Врањеш е единствен фудбалер од градот кој играл на Светско првенство.

„И последен. Тоа мора да се забележи. Босна веќе никогаш никаде нема да се пласира“, рече Врањеш и додаде: „За жал.“.

Новинарот го запраша: „Мислиш дека нема да се пласира никогаш?“, на што фудбалерот на Чукарички без размислување одговори: „Никогаш веќе“.

- Оглас -

Најнови вести