Вреди да се потсетиме: Пред точно 17 години беше постигнат еден од најубавите голови во Примера (Видео)

За Роналдињо во изминативе неколку месеци пишувавме за тоа каков е неговиот живот во затворот во Парагвај. Некогашниот бразилски виртуоз поради лажен пасош, помина шест месеци во затвор, а од пред неколку дена е на слобода. Фудбалерот кој некогаш блескаше и беше број 1 во светот, сега се бореше да докаже дека е невин за да излезе и да се врати на слобода.

Помладите генерации можеби не знаат дека токму Роналдињо беше играчот кој му даде најмногу поддршка на Лионел Меси кога Аргентинецот се пробиваше во Барселона. Додека Меси растеше како играч, Роналдињо блескаше. Бразилецот имаше многу незаборавни потези и голови, но секако еден од оние за кои вреди да се спомене повторно е погодокот даден на 3 септември, пред точно 17 години против Севилја.

Роналдињо доби топка на својата половина, во трк успеа да помине двајца противнички играчи, а потоа упати „бомба“ од 30 метри, која заврши под пречката во голот на гостите. Вистинско фудбалско ремек-дело.

 

- Оглас -

Најнови вести