Вреди да се проба, квота од околу 50 за седум меча по мерак на повеќето играчи на Спортска прогноза

После вчерашниот саботен ден, нема ниту една шестка на Спортска прогноза, но има 23-ца со по пет погодоци, и тие се во игра за ваучер од 1.000 денари, додека има многу кандидати за ваучер од 500 денари колку што носи 11-ка.

Седум натпревари од основната понуда на Спортска прогноза се играат денеска, а ако им верувате на мнозинството играчи на оваа популарна бесплатна игра во која сами бирате која премија ја сакате, може да составите интересен тикет со одлична потенцијална добивка.

Необично е што на само еден меч (Лацио – Фиорентина) домашните се јасни фаворити на повеќето прогнозери (дури 85,88 проценти типувале победа на Лацио), додека кај останатите шест парови, се преферираат претежно двојка или икс.

За дуелот Ница – Лил кој почнува во 13 часот, двојка типувале 48,46 отсто прогнозери, а за победа на домашните скромни 12,63 отсто. Голем фаворит е Ливерпул на гостувањето кај Брајтон од ФА купот, 72,72 проценти мислат дека ќе победат гостите, а само 11,8 отсто веруваат во триумф на Брајтон.

Тука се и два меча од француската лига, кај кои најмногу прогнозери типувале на нерешено. За Оксер – Монпелје, 46,74 проценти се изјасниле за нерешено, една третина се за двојка, додека кај Клермон – Нант 45,49 отсто типувале икс, а 39,38 отсто единица.

Половината, или поточно 50,95 проценти веруваат во победа на Келн на гостувањето кај Шалке, а за дуелот на Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд, блага предност им се дава на гостите. Тука 42,9 отсто се за двојка, 32,44 за нерешено, останатите 24,6 отсто веруваат во Баер.

Замислениот тикет според меракот на мнозинството прогнозери за денеска би изгледал вака:

1704 Ница – Лил Х2

1113 Брајтон – Ливерпул 2

1705 Оксер – Монпелје Х2

1708 Клермон – Нант 1Х

1808 Шалке – Келн 2

1809 Баер Леверкузен – Б. Дортмунд Х2

3010 Лацио – Фиорентина 1

- Оглас -

Најнови вести