Време е Милан да стави крај на црната серија без победа

3001 Милан – Торино (20.45 часот)

Милан игра очајно во 2023 година, славеше на првиот натпревар што го одигра во Новата година (4 јануари) и оттогаш е во серија од седум натпревари без победа. Росонерите загубија на пет меча и ремизираа на два, а во последниот дуел, во неделата беа поразени од градскиот ривал Интер со 1:0.

По црната серија, Милан од второто падна на шестото место на табелата, но шансите за обезбедување пласман во Лигата на шампионите следната сезона се големи. Дополнителен мотив за Росонерите е и враќањето на Златан Ибрахимовиќ, кој по осум месеци пауза поради операција на коленото, се очекува да биде во тимот и да добие шанса во последните минути од средбата.

Торино се наоѓа веднаш зад Милан на табелата, но има осум бода помалку и во последните три меча оствари две победи.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.50)

 

1901 Штурм – Рапид Виена (20.30 часот)

Вечерва со дуелот меѓу Штурм и Рапид Виена по пауза од речиси три месеци, продолжуваат возбудувањата во австриската Бундеслига. Стартот на вториот дел е со дербито, односно мечот меѓу вториот и четвртиот тим на табелата.

Штурм е најдобар тим во австрискиот шампионат на домашен терен, само со едно реми и еден пораз, додека Рапид е втор најдобар тим кога игра на гости. На последните шест меѓусебни натпревари се постигнувани најмалку по два гола, а најчесто исходот е ГГ3+ и веруваме дека традицијата ќе продолжи и вечерва.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.06)

 

1646 Мастрихт – Осс (20.00 часот)

Уште една европска лига која е синоним за голови е холандската втора лига и се очекува и вечерва да останат верни на традицијата. Мастрихт во последните четири кола доживеа три порази и падна на седмото место на табелата, но е третиот најефикасен тим во лигата со 41 постигнат гол на 22 натпревари.

Но, освен што дава голови, Мастрихт има и лоша одбрана со 38 примени гола. Противник на Мастрихт е претпоследниот тим на табелата, Осс, кој победи со 3:0 во последното коло.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.84)

 

1630 АЗ – Екселсиор (20.00 часот)

АЗ Алкмар игра фантастично сезонава и се наоѓа на второто место на табелата во холандската Ередивизија само со два бода помалку од лидерот Феенорд. Нерешените натпревари во последните две кола против Утрехт (5:5) и Волендам (1:1) му дозволија на третопласираниот Ајакс да се приближи само на еден бод на табелата.

Домаќинот мора да се врати на победничките патеки и дуелот со Екселсиор, кој е 14-ти на табелата, е идеална можност за такво нешто. Нивните меѓусебни дуели се ефикасни, а годинава веќе играа еднаш меѓу себе во Купот на Холандија и АЗ како гостин славеше со 4:1.

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (1.96)

 

1801 Шалке – Волфсбург (20.30 часот)

Шалке е последнопласиран на табелата во Бундеслигата само со 11 освоени бодови на 19 натпревари, но покажа знаци на живот во последните два меча, на кои ремизира играјќи без голови со Келн и Борусија Менхенгладбах.

Волфсбург пак е поразен во двата меча од Вердер (2:1) и Баерн Минхен (4:2), но и покрај тоа, останува во борба за настап во европските купови следната сезона. Во првиот дел од сезоната, нивниот дуел заврши без голови, но Волфсбург е далеку подобар тим во последните години од Шалке.

Пред ремито, Волсфсбург беше во серија од четири победи над Шалке, а пет години нема пораз во меѓусебните дуели.

Предлог тип: Т2 1-2 пол. (2.02)

 

- Оглас -

Најнови вести